Агенцијата за обезбедување на лица и имот Вис
Обезбдување е основана на Јануари 2016 год од страна на лица школувани во високи
елитни военополициски образовни институции со цел да се понудат најквалитетни
услуги на физички и правни лица од областа на обезбедувањето согласно Законот
за обезбедување на имоти и лица во Република Македонија.
Светот околу нас кој постојано се менува, ние како
компанија продолжуваме во следните години пред нас да се надградуваме и да
гледаме кон иднината, но и да ги следиме трендовите и нивното влијание врз
нашето општество со цел подготвени за идните предизвици. Со ова поставуваме
долгорочна цел за која нашиот бизнис и нашата компанија е основана поради
желбата да допринесуваме во заштитата и зголемување на степенот на безбедноста
во нашето општество.
Нашиот тим водејќи се од важноста на она што го работиме,
но и грижата за нашите клиенти кои воедно се и наши партнери, сведочат за
нашиот ентузијазам и посветеност во подобрување на квалитетот на заштитата.
Наша цел е да ги подобруваме услугите на нашиот бизнис и да постигнеме најдобар
можен квалитет на услугата.